Инфо блок

Поставена: 17-11-2022 17:04  
Доделена наградата „13 Ноември“
НАГРАДАТА ЈА ДОБИЈА НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКИ РАБОТНИЦИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ

Наградата „13 Ноември“, Градот Скопје ја доделува на физички и правни лица како знак на признание од Градот за остварувања во разни области што претставуваат посебен придонес за развојот на Градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во земјава и светот. Повторно, меѓу добитниците се наоѓаат и видни професори од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, кои во изминатиот година дадоа исклучителен придонес и создадоа научни и стручни достигнувања достојни на оваа награда. Оваа година од редовите на наставни-научниот кадар на УКИМ наградата ја добија:

Од областа на образованието и воспитанието
  • проф. д-р ВЕСНА МОЈСОВА – ЧЕПИШЕВСКА, редовен професор на Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје  – за монографската публикација „Конески како тестамент“ и континуираните остварувања во областа на културата во изминатиот период;

Од областа на науката
  • проф. д-р МИТКО Б. ПАНОВ, редовен професор на Институт за национална историја – Скопје. – за значајни остварувања во науката, како и иницијатор и автор на проектот на културниот настан „Денови на Јустинијан I“;
  • проф. д-р СИЛВАНА ГЕОРГИЕВА, вонреден професор на Стоматолошкиот факултет - Скопје – за значаен придонес во научно-истражувачката дејност во стоматологијата, подигнување на квалитетот на забоздравствената заштита и подобрување на оралното здравје на граѓаните на град Скопје и пошироко во државата.

Од областа на здравствената заштита
  • проф. д-р СМИЉА ТУЏАРОВА ЃОРГОВА, редовен професор на Медицинскиот факултет - Скопје – за највисоки достигнувања во областа на медицината, науката и образованието во државата и во светот, како и автор на делото – Естетска хирургија на глава и врат;
  • проф. д-р СОЊА БОЈАЏИЕВА, редовен професор на Медицинскиот факултет - Скопје  – за долгогодишен придонес во здравствената заштита на младата популација и значаен придонес во хуманитарните активности.

Универзитетот им честита на добитниците и искажува задоволство што градот Скопје во континуитет ги препознава исклучителните достигнувања и резултати кои ги постигнуваат нашите кадри.
Останати вести

 

Последни новости

23-01-2023 - РАНГИРАЊЕ НА УКИМ
На SCIMAGO Institutions Rankings за 2022 година

23-01-2023 - РАНГИРАЊЕ НА УКИМ на SCIMAGO Institutions Rankings за 2022 година
SCIMAGO Institutions Rankings сервисот за рангирање на високообразовни и истражувачки институции во светот

10-01-2023 - Со заложби на УКИМ
ЗАСИЛЕНО ПРИСУСТВОТО НА МАКЕДОНИСТИКАТА НА УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ ЦЕНТРИ ВО СВЕТОТ, ЗА ПРВПАТ ПО БЛИЗУ 15 ГОДИНИ СЕ ОТВОРААТ НОВИ ЛЕКТОРАТИ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

30-12-2022 - 75 години Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈОТ НА ФАКУЛТЕТОТ

30-12-2022 - 75 години Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје
СВЕЧЕНО ЧЕСТВУВАЊЕ НА ЈУБИЛЕЈОТ

30-12-2022 - Соопштение
ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

30-12-2022 - „Трите света“
ПРИСТАПНО ПРЕДАВАЊЕ НА НОВОИЗБРАНИОТ ЧЛЕН ВО РАБОТНИОТ СОСТАВ НА МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ, ПРОФ. Д-Р ВАЛЕНТИН МИРЧЕСКИ

20-12-2022 - Во организација на Центарот за кариера на УКИМ
ОДРЖАН ЗАВРШНИОТ НАСТАН НА ПРОЕКТОТ „ОБЕЗНОСТ“

16-12-2022 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 22 ДОКТОРИ НА НАУКИ

13-12-2022 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 21 ДОКТОРИ НА НАУКИ

12-12-2022 - На УКИМ
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО АМБАСАДАТА НА ФРАНЦИЈА ВО РСМ

12-12-2022 - Се отвори ФабЛаб СКОПЈЕ на Машински Факултет
МЕСТО КАДЕ ВАШИТЕ ИДЕИ ДОБИВААТ ФОРМА!

05-12-2022 - Потпишан нов договор за соработка со Универзитетот во Загреб

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје