Инфо блок

Поставена: 29-10-2022 13:53  
Ново рангирање на научно-истражувачкиот кадар на УКИМ
НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКИОТ КАДАР НА УКИМ МЕЃУ 2% НАЈЦИТИРАНИТЕ НАУЧНИЦИ ВО СВЕТОТ ЗА 2021 ГОДИНА И ЗА ЦЕЛА КАРИЕРА ЗАКЛУЧНО СО 2021

Универзитетот Стенфорд, на 10 октомври 2022, ја објави најновата ажурирана листата на врвни 2% најцитирани научници во светот, врз основа на анализирани податоци заклучно со крајот на изминатата календарска 2021 година.

Оваа листа на врвните 2% најцитирани светски научници од сите области базира на стандардизирани индикатори за цитати, а се заснова на ажурирани библиометриски податоци од базата на податоци Scopus.

Осум истражувачи со афилијација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се рангирани на оваа листа и тоа:
  • Шест истражувачи, најцитирани во текот на календарската 2021 година и
  • Четири истражувачи најцитирани за цела кариера, заклучно со 2021, од кои двајца се и на листата за календарска 2021 година.

За Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), претставува посебна чест фактот дека 90% од врвните најцитирани научници во земјава се од редот на академскиот кадар на УКИМ. Притоа:
  • Шесте професори меѓу 2% најцитираните научници во светот, за 2021 година, се:
    • АКАДЕМИК проф. д-р ЉУПЧО КОЦАРЕВ, редовен професор во пензија на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство
    • АКАДЕМИК проф. д-р ЛЕОНИД ГРЧЕВ, редовен професор во пензија на Факултет за електротехника и информациски технологии,
    • д-р МАРЈАН ГУШЕВ, редовен професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство,
    • д-р БИЛЈАНА БАУЕР ПЕТРОВСКА, редовен професор на Фармацевтскиот факултет,
    • д-р ХРИСТИЈАН ЃОРЕСКИ, вонреден професор на Факултет за електротехника и информациски технологии-Скопје
    • д-р БИЛЈАНА СТОЈКОСКА, вонреден професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
  • Четворица професори, меѓу 2% најцитирани научници во светот, за цела кариера, заклучно со 2021, се:
    • АКАДЕМИК проф. д-р ЉУПЧО КОЦАРЕВ, редовен професор во пензија на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство,
    • АКАДЕМИК проф. д-р ЛЕОНИД ГРЧЕВ, редовен професор во пензија на Факултет за електротехника и информациски технологии,
    • д-р ТРАЈЧЕ СТАФИЛОВ, редовен професор во пензија на Природно-математичкиот факултет,
    • д-р ИВАН ГРОЗДАНОВ, редовен професор во пензија на Природно-математичкиот факултет.

Базите на библиометриски податоци, со чија анализа се детерминираат 2% најцитираните научници за цела кариера и за една календарска година, земаат во предвид 195.605 научници од 22 научни полиња и 200.409 научници од 176 научни области. Изборот се заснова на перцетилен ранг од 2%, од најдобрите 100.000 научници според c-score (со и без само-цитати).

Резултатите од спроведените анализи на Стенфорд Универзитетот за врвните 2% најцитирани научници во светот, се објавуваат во третото тромесечје од годината, а се однесуваат на анализирани податоци заклучно со претходната календарска година.

Базата на податоци на најцитираните научници обезбедува стандардизирани информации за цитати, h-индекс, hm-индекс прилагоден за коавторство, цитати на трудови на различни авторски позиции и композитен индикатор (c-score).

Целосната дата база може да се погледне на следниот линк.
  • Ioannidis, John P.A. (2022), “September 2022 data-update for "Updated science-wide author databases of standardized citation indicators”, Mendeley Data, V4, 10.10.2022.
    DOI: 10.17632/btchxktzyw.4

NameInstitutionCountryNo of paper cited in 2021From year of pub citedTo year of pub cited
Kocarev, LjupcoMacedonian Academy of Sciences and Arts
SS Cyril and Methodius University in Skopje
MKD11619962021
Grcev, LeonidMacedonian Academy of Sciences and Arts
SS Cyril and Methodius University in Skopje
MKD6719842021
Gusev, MarjanSS Cyril and Methodius University in SkopjeMKD25919922021
Petrovska, Biljana BauerSS Cyril and Methodius University in SkopjeMKD819992015
Gjoreski, HristijanSS Cyril and Methodius University in SkopjeMKD6520112021
Stojkoska, BiljanaSS Cyril and Methodius University in SkopjeMKD4020082021

NameInstitutionCountryNo of paper cited for whole carierFrom year of pub citedTo year of pub cited
Kocarev, LjupcoMacedonian Academy of Sciences and Arts
SS Cyril and Methodius University in Skopje
MKD11619962021
Grcev, LeonidMacedonian Academy of Sciences and Arts
SS Cyril and Methodius University in Skopje
MKD6719842021
Stafilov, Trajce SS Cyril and Methodius University in SkopjeMKD27319862021
Grozdanov, IvanSS Cyril and Methodius University in SkopjeMKD3919852009
Останати вести

 

Последни новости

23-01-2023 - РАНГИРАЊЕ НА УКИМ
На SCIMAGO Institutions Rankings за 2022 година

23-01-2023 - РАНГИРАЊЕ НА УКИМ на SCIMAGO Institutions Rankings за 2022 година
SCIMAGO Institutions Rankings сервисот за рангирање на високообразовни и истражувачки институции во светот

10-01-2023 - Со заложби на УКИМ
ЗАСИЛЕНО ПРИСУСТВОТО НА МАКЕДОНИСТИКАТА НА УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ ЦЕНТРИ ВО СВЕТОТ, ЗА ПРВПАТ ПО БЛИЗУ 15 ГОДИНИ СЕ ОТВОРААТ НОВИ ЛЕКТОРАТИ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

30-12-2022 - 75 години Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈОТ НА ФАКУЛТЕТОТ

30-12-2022 - 75 години Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје
СВЕЧЕНО ЧЕСТВУВАЊЕ НА ЈУБИЛЕЈОТ

30-12-2022 - Соопштение
ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

30-12-2022 - „Трите света“
ПРИСТАПНО ПРЕДАВАЊЕ НА НОВОИЗБРАНИОТ ЧЛЕН ВО РАБОТНИОТ СОСТАВ НА МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ, ПРОФ. Д-Р ВАЛЕНТИН МИРЧЕСКИ

20-12-2022 - Во организација на Центарот за кариера на УКИМ
ОДРЖАН ЗАВРШНИОТ НАСТАН НА ПРОЕКТОТ „ОБЕЗНОСТ“

16-12-2022 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 22 ДОКТОРИ НА НАУКИ

13-12-2022 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 21 ДОКТОРИ НА НАУКИ

12-12-2022 - На УКИМ
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО АМБАСАДАТА НА ФРАНЦИЈА ВО РСМ

12-12-2022 - Се отвори ФабЛаб СКОПЈЕ на Машински Факултет
МЕСТО КАДЕ ВАШИТЕ ИДЕИ ДОБИВААТ ФОРМА!

05-12-2022 - Потпишан нов договор за соработка со Универзитетот во Загреб

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје