Инфо блок

Поставена: 03-06-2022 14:36  
На платото на УКИМ
ДЕН ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ
Почитувани студенти,

На 07.06.2022 со почеток од 10:00 часот, на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе се одржи целодневниот настан „Ден за кариерен развој“ во организација на УКИМ и THRIVITY. На отворениот настан за студентите, ќе учествуваат етаблирани компании од земјава и странство кои ќе имаат можност да ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и по завршувањето на студиите.
 
Интерактивниот настан ќе трае осум часа, а програмата ќе биде исполнета со панел дискусии и кратки мотивациски обраќања кои ќе ги поттикнат, насочат и ќе им помогнат на студентите во нивниот иден кариерен развој.

Мотивациски говорници се:
  • Оливер Хафербек – глобален сениор заменик претседател на Innovation AT und CEO Sensile Medical AG, Advanced Technology – Инспирација за вработување, глобална отвореност на пазарот на труд
  • Дејан Ваневски – THRIVITY - Развој на компетенции – мостот помеѓу формалното образование и барањата на компаниите
  • Проф. д-р Софија Георгиевска, Филозофски факултет, УКИМ - Кариерно советување во високото образование – позитивни светски практики

А темите на панелите се:
  • Важноста на практикантството и подготовка за прво вработување на студентите
  • Хибридни професии – новата реалност за младите и компаниите

Модератор на панелите е Огнен Јанески.

Со свои штандови на настанот ќе се претстават повеќе од 25 компании, меѓу кои: Алкалоид, Раде Кончар, Филип Морис, Реплек, Скопска Пивара, Еуроникел, Мак Прогрес, ПроКредит Банка, НЛБ Банка, Халк Банка, Шпаркасе Банка, Лакталис, Gerresheimer, Индитекс, Van Hool, Slice, TaskForce, Нелт, Вива сокови, Веста дрогерија, Варус/Бионика, Рамстор, Адинг, Џонсон Мети, DS Smith, Тиквеш, Макстил и British American Tobacco.

Покрај штандовите на компаниите, на самиот настан ќе има и претставници од Асоцијацијата на кариерни советници кои ќе им помогнат на студентите да изработат професионално CV и кои ќе се достапни за непосреден разговор и кариерно насочување.

За време на настанот за доброто расположение ќе се погрижат повеќе диџеи, а ќе бидат организирани и зони за забава и освежување.

Агенда на настанот
09:30Пристигнување на компаниите и нивно сместување
10:00Пристигнување на студенти и други поканети гости
10:30Отворање на настанот и кратко претставување на агендата на главна бина
  • Обраќање на ректор
  • Обраќање на раководителот на Центарот за кариера на УКИМ
  • Обраќање на претставник од THRIVITY
11:00Заедничка обиколка на организаторите и говорниците на сите штандови
11:30Панел дискусија #1 (Тема: Важноста на практиканството и подготовка за прво вработување на студентите)
12:10Музички сет #1
12:30Мотивациски говор # 1 (COO Sensile Medical Switzerland: Инспирација за вработување – глобална отвореност на пазарот на труд Inspiration for employment – globally open labor market)
13:00Панел дискусија #2 (Хибридни професии – новата реалност за младите и за компаниите) Асоцијација на кариерни советници
13:30Музички сет #2
14:30Мотивациски говор #2 (Развој на компетенции – мостот помеѓу формалното образование и барањата на компаниите) Активатор
14:45Музички сет #3
15:30Мотивациски говор #3 (Кариерно советување во високото образование – позитивни светски практики) проф. д-р Софија Георгиевска
15:50Музички сет #4
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје