Инфо блок

Поставена: 20-05-2022 23:52  
Со положување свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј
ОДБЕЛЕЖАНИ 73-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО И ПАТРОНИОТ ДЕН НА УКИМ
Во рамките на Програмата по повод одбележувањето на 73-годишнината од основањето на Универзитетот и одбележувањето на 24 Мај - Денот на светите Кирил и Методиј, патрониот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 20 мај беше положено цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј, во рамките на универзитетскиот кампус за општествени науки. И оваа година, овој свечен чин беше организиран во соработка со Владата на Република Северна Македонија.

Делегација на УКИМ, предводена од ректорот, проф. д-р Никола Јанкуловски, беше во следниов состав: проректорите: за финансии, инвестиции и развој, проф. д-р Биљана Ангелова, за настава, проф. д-р Христина Спасевска, за наука, проф. д-р Валентина Гечевска, генералниот секретар на УКИМ, м-р Марија Маневска и претседателот на Универзитетскиот сенат, проф. д-р Анета Баракоска. Деканите, директорите и други претставници на факултетите и институтите на УКИМ се приклучија во чествувањето на патроните со положување на свежо цвеќе. Исто така, својата почит кон патроните на Универзитетот, со положување свежо цвеќе, ја искажаа и делегации и на Институтот „Конфуциј“ и на Сојузот на синдикати на УКИМ.

На споменикот, во чест на патрониот ден на Универзитетот, свежо цвеќе положија високи делегации на државниот врв, дипломатскиот кор и други општествено-политички организации во државава. Пред паметникот на нашите покровители, државниот празник беше одбележан од страна на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Димитар Ковачевски, со делегација во чиј состав беа: заменик-претседателот на Владата, Бојан Маричиќ, министерот за правда, Никола Тупанчевски и заменик-министерот за одбрана, Башким Хасани. Свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј положија и делегацијата на Собранието, делегацијата на Кабинетот на претседателот на РС Македонија, делегацијата на Сојузот на борците на РС Македонија, делегацијата на Армијата на Република Северна Македонија, делегацијата на Дипломатскиот кор акредитиран во Република Северна Македонија, како и делегацијата на град Скопје.
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје