Инфо блок

Поставена: 20-05-2022 10:59  
Економскиот институт во Скопје
ОДБЕЛЕЖУВА 70 ГОДИШНИНА ОД ОСНОВАЊЕТО
Економски институт-Скопје на 18.5.2022 година одржа пригодна свеченост за одбележување на 70 години од своето постоење. На свеченоста, покрај директорот на Економскиот институт, проф. д-р Зоран Јаневски, свое обраќање имаше ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, како и министерот за образование и наука на Република Северна Македонија, д-р Јетон Шаќири.  

Во рамки на одбележувањето на значајниот јубилеј - 70 години од постоењето, Економскиот институт потпиша ЕДУ партнерски договор со Даталаб МК, фирма за поддршка на компаниите во процесот на дигитална трансформација.  Соработката на Економскиот институт со Даталаб МК, се базира на доделување лиценци од деловниот софтвер Pantheon ERP и ќе резултира со формирање на Лабораторија за дигитална трансформација. Даталаб МК и Економскиот институт, покрај тоа што ќе соработуваат во едукативни цели, на пазарот ќе понудат и комерцијални пакет услуги за деловните субјекти во земјата, користејќи ги максимално ресурсите кои им се на располагање.    

Како дел од свеченоста по повод 70 години од постоењето на Институтот, беа доделени благодарници за државни институции, факултети и институти од земјата и од странство, меѓу кои и на: Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија. Благодарници им беа доделени и на приватни компании, фондации и поедници со кои Економскиот институт - Скопје имал успешна и долгогодишна соработка.   

Во рамки на прославата, Економски институт-Скопје им додели пофалници на студенти, кои магистрирале во периодот од 2017-2022 година, на одделните студиски програми од втор циклус на студии на Институтот, а кои оствариле забележителен успех и висок просек на оценки. На овие студенти, покрај пофалниците, Економскиот институт, во соработка со Даталаб МК, им врачи и специјални награди во форма на едногодишна лиценца на деловниот софтвер Pantheon ERP со вклучени сите модули и пристап кон дигиталните ресурси за обука.
Останати вести

 

Последни новости

01-07-2022 - Покана за презентација
ПРОЕКТ F1INSCHOOLS - LONDON, ЈУЛИ '22

14-06-2022 - Успешен прв „Ден за кариерен развој“ на платото на УКИМ
ПОВЕЌЕ ОД 1000 СТУДЕНТИ ГО ПОСЕТИЈА ПРВИОТ „ДЕН ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ“ НА ПЛАТОТО НА УКИМ

13-06-2022 - Објавен првиот академски труд
СО АФИЛИЈАЦИЈА НА ЦЕНТАРОТ ЗА НАПРЕДНИ ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРНИ ИСТРАЖУВАЊА НА УКИМ

03-06-2022 - На платото на УКИМ
ДЕН ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ

03-06-2022 - Интернационален стартап натпревар 2022
PROMETHEUS

27-05-2022 - Во организација на Факултетот за музичка уметност
КОНЦЕРТНА СЕРИЈА „MUSICA VIVA НА ОТВОРЕНО“ – 27, 28 И 29 МАЈ 2022 ГОДИНА

23-05-2022 - Обраќање на ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски
ПО ПОВОД „24 МАЈ“ - ДЕНОТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ – ПАТРОНИОТ ДЕН НА УНИВЕРЗИТЕТОТ

20-05-2022 - Со положување свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј
ОДБЕЛЕЖАНИ 73-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО И ПАТРОНИОТ ДЕН НА УКИМ

20-05-2022 - По повод 75 години Институт за педагогија при Филозофскиот факултет
ОДРЖАНА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНИЦИЈА ВО ОХРИД

20-05-2022 - Економскиот институт во Скопје
ОДБЕЛЕЖУВА 70 ГОДИШНИНА ОД ОСНОВАЊЕТО

19-05-2022 - Во Ректоратот на УКИМ
ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРО ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА И НА СТУДЕНТИТЕ - ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „26 ЈУЛИ“ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ФРАНК МАНИНГ“

13-05-2022 - Програма
ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ПАТРОНИОТ ДЕН НА УКИМ

12-05-2022 - На Економскиот институт во Скопје
СВЕЧЕНО ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ 70-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО

09-05-2022 - На техничкиот кампус на УКИМ
ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА GREDIT 2022

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје