Инфо блок

Поставена: 12-05-2022 21:27  
На Економскиот институт во Скопје
СВЕЧЕНО ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ 70-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО
Економски институт - Скопје, како единица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 18.5.2022 година одбележува 70 години од своето постоење. По тој повод, Институтот организира пригодна свеченост, на која покрај директорот на Економскиот институт, проф. д-р Зоран Јаневски, ќе се обрати и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, како и министерот за образование и наука на Република Северна Македонија, д-р Јетон Шаќири.  

Во рамки на одбележувањето на значајниот јубилеј - 70 години од постоењето, Економскиот институт ќе потпише ЕДУ партнерски договор со Даталаб МК, фирма за поддршка на компаниите во процесот на дигитална трансформација. Станува збор за компанија која соработува со повеќе образовни институции во регионот, овозможувајќи им пристап до модерни алатки за оперативно функционирање.

Како дел од свеченоста по повод 70 години од основањето на институтот, Економскиот институт ќе додели благодарници на факултети, научни институти, институции и приватни компании од земјата и од странство со кои Институтот имал успешна и долгогодишна соработка. Исто така, пофалници ќе им бидат доделени на студентите кои во периодот 2017-2020 година магистрирале со висок просек и забележителен успех на студиските програми од втор циклус на Економскиот институт.

Прославата може да се проследи на следниов ZOOM линк:

Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје