Инфо блок

Поставена: 24-01-2022 13:38  
Во понеделник започнува втората зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ
НАЈАВЕНО УЧЕСТВО НА НАД 40 СТРАНСКИ МАКЕДОНИСТИ И СЛАВИСТИ ОД СЕДУМНАЕСЕТ ЗЕМЈИ
Во понеделник започнува Втората зимска школа на Меѓународниот сеимар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Над четириесет странски македонисти и слависти од седумнаесет земји, преку виртуелната настава на Школата, во периодот од 24. до 29. јануари ќе ги продлабочат своите понавања и ќе согледаат нови предизвици за своите проучувања за македонскиот јазик, литература и култура. Пријавени се учесници од универзитетските центри од Австралија, Бугарија, Велика Британија, Грција, Италија, Полска, Руската Федерација, Соединетите Американски Држави, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска, Чешката Република и Швајцарија – и тоа како истакнати имиња на славистиката, универзитетски професори со долгогодишно искуство и автори на референтни истражувања на европската и светската филологија, така и млади истражувачи – слависти и македонисти, меѓу коишто се и студенти на прв циклус студии – идни афирматори на македонскиот јазик, литература и култура во светот. Големиот интерес за Школата од една страна е потврда на интересот за изучување на македонистиката на водечките универзитетски центри во светот, со големи залагања на МСМЈЛК при УКИМ, но од друга страна и бројноста на активните посветеници на македонистиката во меѓународната академска заедница.

Свеченото отворање на Школата ќе се одржи во понеделник, на платформата Зум, со почеток во 9 часот, при што поздравно обраќање пред учесниците ќе одржи ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, по што ќе се обрати и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Веднаш по отворањето, Школата ќе започне со интензивна работа – секој ден, од понеделник до сабота, за секоја група ќе се одржуваат по шест часа. Организирани се лекторски групи за сите нивоа – почетно, средно и напреднато и тоа напреднатото со две поднивоа, за јазик, и за литература.

Наставата за групите ќе ја изведуваат лектори коишто ќе го вложат сопствениот максимум во пренесувањето знаења на странските слависти и македонисти – доц. д-р Гордана Алексова (за напреднато ниво на познавање на македонскиот јазик), проф. д-р Борче Арсов и доц. д-р Бобан Карапејовски (средно ниво на познавање на македонскиот јазик) и м-р Марија Пандева (основно ниво на познавање на македонскиот јазик), како и асс. м-р Иван Антоновски (напреднато ниво за литература).

Инаку, Зимската школа на МСМЈЛК при УКИМ за првпат се одржа минатата година, како прва активност во рамките на програмата за одбележување на големиот јубилеј, 100 години од раѓањето на Блаже Конески и значајно дополнување на редовните активности на МСМЈЛК при УКИМ, особено на Летната школа, којашто традиционално се одржува во Охрид и годинава ќе одбележи голем јубилеј – 55 години. Со минатогодишното издание се постигна голем успех, видлив и преку публикацијата „Конески на 11 јазици“, во којашто за првпат некои сегменти на творештвото на великанот се објавени во превод на толку јазици, како и преку активностите коишто лекторатите по македонски јазик и воопшто универзитетските центри во светот ги остварија за одбележување на стогодишнината од раѓањето на Конески. По минатогодишниот успех, со големиот интерес за годишеното, второ издание на Зимската школата, таа веќе постанува традиционален сегмент на активностите на МСМЈЛК на УКИМ, преку којшто современите модели на настава и канали на комуникација во целост се во функција на афирмација на македонскиот јазик, литература и култура во меѓународната академска заедница, преку вложување во знаењата и проучувањата на странските слависти и македонисти. Со својот формат, Зимската школа овозможува интерактивност и содржини коишто значајно ги надградуваат знаењата на семинаристите, а за што големи вложувања остваруваат и лекторите коишто ги водат курсевите.

Одбележување на значаен јубилеј за македонската култура е предвидено и со годинешното издание на Зимската школа - курсот по литратура (напреднато ниво), во целост ќе биде посветен на дело од творештвото на великанот Горан Стефановски, по повод 70 години од неговото раѓање. Ова е прва активност со којашто се одбележува овој голем јубилеј, а МСМЈЛК при УКИМ планира и натамошни активности, во рамките на остварувањато на својата програма за работа оваа година.

По одржувањето на шестдневната настава (вкупно по 30 часа за секој курс), со програмата на Зимската школа на МСМЈЛК при УКИМ, предвидена е и завршна виртуелна средба на учесниците, како и пополнување книга на впечатоци, којашто ќе овозможи насоки и видувања и за натамошните активности на МСМЈЛК при УКИМ, како при развивањето на Зимската школа, така и при спроведувањето на другите свои активности и секојдневната посветеност на успешното работење на постојните и отворање нови лекторати по македонски јазик на значајните универзитетски центри ширум светот.
Останати вести

 

Последни новости

20-05-2022 - Со положување свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј
ОДБЕЛЕЖАНИ 73-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО И ПАТРОНИОТ ДЕН НА УКИМ

20-05-2022 - По повод 75 години Институт за педагогија при Филозофскиот факултет
ОДРЖАНА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНИЦИЈА ВО ОХРИД

20-05-2022 - Економскиот институт во Скопје
ОДБЕЛЕЖУВА 70 ГОДИШНИНА ОД ОСНОВАЊЕТО

19-05-2022 - Во Ректоратот на УКИМ
ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРО ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА И НА СТУДЕНТИТЕ - ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „26 ЈУЛИ“ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ФРАНК МАНИНГ“

13-05-2022 - Програма
ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ПАТРОНИОТ ДЕН НА УКИМ

12-05-2022 - На Економскиот институт во Скопје
СВЕЧЕНО ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ 70-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО

09-05-2022 - На техничкиот кампус на УКИМ
ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА GREDIT 2022

21-04-2022 - Macedonian Veterinary Review
КЛАСИФИЦИРАН ВО ESCI НА WoS

21-04-2022 - Од активностите на Бизнис акцелераторот

14-04-2022 - На УКИМ
ПРОМОЦИЈА НА ДОКТОРИ НА НАУКИ - 14.4.2022

12-04-2022 - На УКИМ
НАУКАТА ГО ПОВРЗУВА СВЕТОТ! ПОВРЗИ СЕ СО УКИМ!

07-04-2022 - Зборуваме отворено за наука
„НАУКАТА ГО ПОВРЗУВА СВЕТОТ! ПОВРЗИ СЕ СО УКИМ!“

05-04-2022 - На УКИМ
ПРОМОЦИЈА НА ДОКТОРИ НА НАУКА

24-03-2022 - На МТВ
ЕМИСИИ ЗА „ОТВОРЕНА НАУКА“

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје