Инфо блок

Поставена: 27-09-2021 14:17  
УКИМ семестарот го започнува
СО НОВА СОВРЕМЕНА ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА
На 23 септември 2021 година, на УКИМ се одржа онлајн работилница насловена „Можности за учење на далечина со кортистење на дигитална платформа“. Проектот е изработен од работна група во рамките на Комисијата за информатичка технологија. На работилницата беше презентирана новата современа дигитална платформа iLearn и за неа говореа ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски кој се задржа на нејзината улога во подобрување на наставниот процес. Проректорот за настава на УКИМ и претседател на Комисијата за информатички технологии се задржа на постапката за имплементација на интегрираната дигитална платформа за учење. Раководителот на проектот, проф. д-р Боро Јакимовски, изврши презентација на платформата зборувајќи за функционалностите на интегрираната дигитална платформа за учење iLearn.

Во прилог на овој текст пренесуваме делови од нивните обраќања:

Ректор, проф. д-р Никола Јанкуловски:
Осовременувањето на наставно образовниот и научно истражувачкиот процес на високообразовните институции со помош на современите технички средства и методи кои базираат на информатичките технологии претставуваат тренд во денешно време. Ова особено се однесува на интеракцијата на студентите и наставниот и друг помошен кадар во процесите на реализација на наставата и другите активности поврзани со следењето на успешноста на студентите во академското напредување, но исто така и во завршувањето на нивните административни процедури поврзани со студирањето.
Денешнава презентација го означува и формалниот почеток и предавање во употреба на дигиталната платформа за учење iLearn на универзитетот. Со особено задоволство и гордост можам да констатирам дека во релативно краток временски период успеавме да одговориме на предизвикот кој ни го наметна пандемијата, успешно да се престроиме и да продолжиме со реализацијата на една од нашите основни дејности – едукативната. Уште повеќе сум среќен што и по завршетокот на пандемијата ќе имаме ефикасно средство - алатка за модерен начин на реализација на наставата. Се надевам дека со наше залагање ќе придонесеме за успешно усвојување на iLearn  системот во секојдневното работење на факултетите и институтите и ќе го направиме неопходно и незаменливо помошно средство во наставата.

Проректор за настава, проф. д-р Христина Спасевска:
Новата дигитална платформа за учење на нашиот универзитет е современо решение што овозможува организирање на настава на далечина со концепт сличен како на големите странски универзитети.  Уште поважно е што овој проект за многу кратко време, по барање на студентите, целосно го реализиравме со сопствени стручни, технички и финансиски капацитети. На проектот работеше тим од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, со подршка Ректорската комисија за информатичка технологија и професори од факултетите кои веќе имаа искуство со користење на дигитална платформа. Тоа укажува на фактот дека нашиот универзитет и понатаму останува лидер во областите кои се поврзани со процесите на дигитализација.  
Во мплементацијата на проектот, од мај до сега, се вклучени околу 620 професори и асистенти, 68 администратори на платформата и околу 80 студенти. Подготвени се и електронски упатства за студентите.

Раководител на проектот, проф. д-р Боро Јакимовски:
Дигиталната платформа за учење на далечина iLearn e примарен и постојан систем што ќе се користи во редовна настава и по завршувањето на вонредните услови со пандемијата. Таа се заснова на еден од водечките системи за управување со учењето Moodle што се користи на голем број универзитети и училишта во светот. Направена е како интегрирана платформа и факултетите нема да користат сопствени ресурси за одржување и системот и опремата.
iLearn овозможува, на едноставен начин, споделување на материјали, форум за размена на информации, задавање и поднесување на домашни и проектни задачи како и систем за организирање на тестови. Со нејзината интуитивност, пристапност и јасност, како и богатиот избор на алатки, можноста за индивидуален пристап на секој наставник  и  прилагодливост на различни видови курсеви и активности на далечина, таа може да се нарече идеална виртуелна училница.
Останати вести

 

Последни новости

20-05-2022 - Со положување свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј
ОДБЕЛЕЖАНИ 73-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО И ПАТРОНИОТ ДЕН НА УКИМ

20-05-2022 - По повод 75 години Институт за педагогија при Филозофскиот факултет
ОДРЖАНА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНИЦИЈА ВО ОХРИД

20-05-2022 - Економскиот институт во Скопје
ОДБЕЛЕЖУВА 70 ГОДИШНИНА ОД ОСНОВАЊЕТО

19-05-2022 - Во Ректоратот на УКИМ
ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРО ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА И НА СТУДЕНТИТЕ - ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „26 ЈУЛИ“ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ФРАНК МАНИНГ“

13-05-2022 - Програма
ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ПАТРОНИОТ ДЕН НА УКИМ

12-05-2022 - На Економскиот институт во Скопје
СВЕЧЕНО ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ 70-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО

09-05-2022 - На техничкиот кампус на УКИМ
ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА GREDIT 2022

21-04-2022 - Macedonian Veterinary Review
КЛАСИФИЦИРАН ВО ESCI НА WoS

21-04-2022 - Од активностите на Бизнис акцелераторот

14-04-2022 - На УКИМ
ПРОМОЦИЈА НА ДОКТОРИ НА НАУКИ - 14.4.2022

12-04-2022 - На УКИМ
НАУКАТА ГО ПОВРЗУВА СВЕТОТ! ПОВРЗИ СЕ СО УКИМ!

07-04-2022 - Зборуваме отворено за наука
„НАУКАТА ГО ПОВРЗУВА СВЕТОТ! ПОВРЗИ СЕ СО УКИМ!“

05-04-2022 - На УКИМ
ПРОМОЦИЈА НА ДОКТОРИ НА НАУКА

24-03-2022 - На МТВ
ЕМИСИИ ЗА „ОТВОРЕНА НАУКА“

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје