Инфо блок

Поставена: 15-12-2021 15:46  
Доделени стипендии од Фондацијата "Константин Стојанов"
Доделени стипендии од Фондацијата "Константин Стојанов" при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
На 14.11.2021 година во просториите на Ректоратот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје беа потпишани договори за доделување на стипендии од Фондацијата "Константин Стојанов" при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје помеѓу добитниците на стипендиите и ректорот на Универзитетот проф. д-р Никола Јанкуловски, кој воедно е Директор на оваа Фондација.
Врз основа на јавни конкурси кои беа распишани во дневниот весник Нова Македонија на 1.7.2021 година, за доделување на 10 стипендии за студенти на прв циклус студии на студиските програми по француски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет "Блаже Конески" во Скопје и на 15.9.2021 година, за доделување на 9 стипендии за студенти на прв циклус студии на студиските програми по француски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет "Блаже Конески" во Скопје, Одборот на Фондацијата "Константин Стојанов" донесе Одлука за доделување на 4 стипендии. 
Висината на стипендијата изнесува 6.000,00 денари во нето износ, месечно и се исплаќа за 10 (десет) месеци во студиската година. 
Фондацијата "Константин Стојанов" е основана според тестаментот од 30.3.1973 година на покојниот г-дин Константин Стојанов од Франција, депониран во Професионалното нотарско здружение "Морис Демортро и Ксавиер Демортро здружени нотари" во Париз, Република Франција, на 14. јуни 1973 година. Основач на Фондацијата е Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, застапуван од ректорот на Универзитетот. Една од стратешките цели на оваа Фондација, во согласност со статутарните определби, е школување на кадри од областа на францускиот јазик и литература, што претставува и основ за доделување на овие стипендии.
Стратешка определба на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје е изнаоѓање начини за континуирана поддршка на своите студенти во текот на студирањето со цел за негово олеснување, поттик и мотивација за остварување на нивните поставени цели во поглед на нивното образование.

Останати вести

 

Последни новости

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје