Инфо блок

Поставена: 20-08-2021 11:19  
Петта година по ред ОКТА ќе стипендира постдипломци на УКИМ
Скопје, 20.08.2021 –ОКТА И ГОДИНАВА ЌЕ СТИПЕНДИРА СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

Ќе бидат доделени пет стипендии на четири факултети на УКИМ, за што компанијата и Универзитетот потпишаа Меморандум за соработка, во кој се дефинирани условите и начинот на стипендирање на постдипломците. Со ова, петта година по ред ОКТА обезбедува поддршка за студентите на најстарата и најголема високообразовна институција во државата.

„Особено сме горди на оваа наша определба како компанија, да ги поддржуваме младите во нивната желба и амбиција да го надградат сопственото образование. Најдобар доказ за оправданоста на оваа наша заложба е што вкупниот постигнат просек на нашите досегашни стипендисти кои веќе магистрираа изнесува 9,95. На овој начин, не само што го помагаме индивидуалниот развој на успешните студенти, туку, што е уште поважно, директно придонесуваме кон создавање на висококвалитетни кадри, а со тоа и отворање нови можности за напредок на заедницата“, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.

Стипендиите и годинава се доделуваат на факултети кои се сродни со дејноста на ОКТА, и тоа две за постдипломци на Факултетот за електротехника и информациски технологии и по една стипендија на Машинскиот, на Природно-математичкиот (Института за хемија) и на Технолошко-металуршкиот факултет. Право да аплицираат имаат сите студенти кои првпат ќе  запишат втор циклус студии на овие факултети во учебната 2021/2022 година.

„Навистина сме задоволни што соработката на ОКТА со нашиот универзитет прерасна во традиција. Компанијата стана вистински партнер на УКИМ во исполнувањето на нашата примарна мисија – на студентите да им овозможиме најдобри услови за стекнување што поквалитетно образование. Нема никаква дилема дека ваквиот тип соработка помеѓу високообразовните институции и бизнис секторот вродува со плод и е мотив повеќе за студентите целосно да се вложат и посветат на своето образование“, изјави Никола Јанкуловски, Ректор на УКИМ.

Конкурсот за стипендиите што ги доделува ОКТА, со сите потребни детали, е објавен на интернет страницата и на социјалните мрежи на компанијата, како и на интернет страниците на четирите факултети. Рокот за аплицирање е 4-ти октомври 2021 година, кога завршуваат и уписите за втор циклус студии на УКИМ. Изборот на најдобрите апликанти ќе го изврши комисија составена од претставници на ОКТА и на соодветниот факултет.

Во изминатите четири години, ОКТА додели вкупно 35 стипендии за студенти на втор циклус студии на факултети на УКИМ, како и седум стипендии за втор циклус студии на универзитетите во Пиреја и на Крит во Република Грција.
Останати вести

 

Последни новости

22-10-2021 - Нов меѓународен проект
УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО НОВ ПРОЕКТ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИНОВАЦИИТЕ И ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО, ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКИОТ ИНСТИТУТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОГИЈА

22-10-2021 - Преку синергија на теоријата со праксата,
УКИМ И КХВ ЌЕ СОРАБОТУВААТ ВО ОБЛАСТА НА ПАЗАРОТ ЗА КАПИТАЛ

22-10-2021 - Нова лабораторија
ЛАБОРАТОРИЈА ЗА МАТЕРИЈАЛИ И НАНОТЕХНОЛОГИИ

22-10-2021 - На УКИМ
ДОДЕЛЕНA НАГРАДAТА „26 ЈУЛИ“ НА ДЕСЕТМИНА СТУДЕНТИ

12-10-2021 - На УКИМ
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРИТЕ СТУДЕНТИ

08-10-2021 - NI4OS training event:
ВТОР НАЦИОНАЛЕН ТРЕНИНГ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ NI4OS-Europe

08-10-2021 - На 12 октомври, УКИМ
ЌЕ ГИ НАГРАДИ СВОИТЕ НАЈДОБРИ СТУДЕНТИ

07-10-2021 - Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
ДОДЕЛИ 135 СТИПЕНДИИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ НА СТУДЕНТИ КОИ СЕ ЗАПИШАА ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТИТЕ НА УКИМ

05-10-2021 - УКИМ распишува ИНТЕРЕН КОНКУРС
ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРИ НАУЧНИЦИ И УМЕТНИК НА УНИВЕРЗИТЕТОТ„СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ЗА 2020 ГОДИНА

30-09-2021 - На УКИМ
НА 1 ОКТОМВРИ ЗАПОЧНУВА НОВАТА АКАДЕМСКА ГОДИНА

27-09-2021 - Посета на италијанскиот амбасадор на УКИМ
Посета на италијанскиот амбасадор на УКИМ

27-09-2021 - УКИМ семестарот го започнува
СО НОВА СОВРЕМЕНА ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА

22-09-2021 - За Академска заедница на УКИМ
ТЕКОВНИ ИНФОРМАЦИИ

22-09-2021 - Интерен оглас
ЗА СТУДЕНТИТЕ ЧИЕ РОДИТЕЛСКО ПРАВО ГО ВРШИ САМО ЕДЕН РОДИТЕЛ

09-09-2021 - ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СТУДЕНТИТЕ НА УКИМ

07-09-2021 - На УКИМ
ОТВОРАЊЕ НА ВАКЦИНАЛЕН ПУНКТ

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје