Инфо блок

Поставена: 15-03-2021 11:01  
Tркалезна маса
КОНЕСКИ - МОСТОТ ШТО ГИ ПОВРЗУВА МАКЕДОНСКИТЕ И РУСКИТЕ СЛАВИСТИ
На иницијатива на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура на 18 март во 12 часот на платформата Zoom ќе се одржи тркалезна маса под наслов: „Конески - мостот што ги поврзува македонските и руските слависти“.

Настанот е дел од Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ која се одвива под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

Во чест на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески оваа тркалезна маса е замислена како уште еден начин да се осветли личноста и делото на Блаже Конески, овојпат низ призмата на македонско-руските јазични, литературни и културни врски на која ќе се дискутира на следниве теми и тоа на руски и на македонски (како работни јазици):
  • Конески мостот што ги поврзува македонските и руските слависти и
  • Перспективите и предизвиците на славистиката во 21 век.

По Првата зимска школа организирана од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура која се одржа на почетокот од оваа година (25.01. – 05.02. 2021), со оваа тркалезна маса Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ преку Рускиот центар го продолжува учеството во достоинственото чествување на ликот и делото на оваа стожерна личност. Ова е најмалку што можеме да се стори за да се одбележи исклучително значајната улога и непроценливото влијание на Конески во развојот на УКИМ. Истовремено, во оваа исклучителна година на големиот јубилеј врзан со Конески, и Рускиот центар одбележува еден свој мал јубилеј – 5 години од отпочнувањето на работата.

Со свои пригодни обраќања на тркалезната маса ќе се обратат проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Р. С. Македонија, проф. д-р Анета Дучевска, декан на филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Андреј Александрович Липгарт, декан на филолошкиот факултет  на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“.

За руските мотиви и влијанието на руските поети во творештвото на Конески ќе зборуваат акад. Ала Шешкен и  проф. д-р Елена Верижникова од Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ и проф. д-р Кристина Николовска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За патувањата на Конески во Русија и за неговото значење и улога во развојот и афирмацијата на македонистичките студии во Москва ќе се осврнат проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Максим Каранфиловски од  Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при  Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, додека проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе зборува за развивањето на културната соработка меѓу Македонија и Русија, за улогата на Семинарот за македонски јазик, литература и култура и Рускиот центар како продолжувачи на плодната и успешна соработка меѓу овие две земји.

Македонистиката и славистиката на универзитетите во Русија е во фокусот на интересот во излагањата на проф. д-р Елена Иванова и проф. д-р Зоја Шанова од Филолошки факултет при Санктпетербуршкиот државен универзитет и на Ирина Аржанова од Воронешкиот унивеврзитет.

Модератор на настанот е проф. д-р Биљана Мирчевска-Бошева, директор на Рускиот центар.
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје