Инфо блок

Поставена: 05-03-2021 13:06  
На УКИМ
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ УНИВЕРЗИТЕТОТ И МАСИТ
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, претставуван од ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, претставувана од г-ѓа Анета Антова Пешева, на ден 5.3.2021г. потпишаа МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА.

Целта на овој Меморандум е воспоставување на соработка меѓу Универзитетот и Комората, која како доминантен претставник на интересите на ИКТ индустријата во земјата, ги застапува и штити интересите на стопанските субјекти кои работат во областа на информатичката и комуникациската технологија и го унапредува квалитетот на услугите и кадрите во ИКТ индустријата, вклучително и подигање на стандардите за квалитетно образовно ниво на ИКТ кадрите.

Меѓу другото оваа соработка ќе се темели на заложбата за осовременување и динамично менување на методологијата на наставниот процес на техничките факултети соодветно на најновите ИКТ технологии. Во рамките на соработката се предвидува и гостување на претставници на Комората и нејзини членки на сите факултети и институти во состав на Универзитетот, а се со цел за:
  • подобрување на подготвеноста на студентите за работа во ИКТ секторот;
  • подигнување на нивото на дигиталната писменост кај вработените на Универзитетот преку организирање на обуки;
  • организирање на обуки за студентите заради унапредување на знаењата и усовршување на идните ИКТ кадри.

Притоа Универзитетот и Комората се обврзаа да ја одржуваат и продлабочуваат меѓусебната соработка, со цел осовременување и имплементација на заедничките активности и разменување мислења во врска со остварување на утврдените цели.
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство и рибарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје