Инфо блок

Поставена: 11-11-2020 14:36  
УКИМ го одбележа
СВЕТСКИОТ ДЕН НА НАУКАТА

УКИМ го одбележа Светскиот ден на науката 2020


Трибина на тема – ОТВОРЕНА НАУКА (Open Science) 2020


Информации на медиумите



Централен настан

Централниот настан се оддржа на денес на 10 ноември 2020, на видеоконференциската платформа ZOOM во согласност со протоколите за справување со пандемијата.

Настанот го отвори Ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, проф.д-р Никола Јанкуловски и даде пригодно обраќање за овогодишната тема на Светскиот ден на науката 2020 за мир и развој на UNESCO.

Светскиот ден на науката за мир и развој е прогласен од страна на Обединетите нации, на Генералната конференција на УНЕСКО во 2001 и секоја година се одбележува на 10 ноември. Идејата за прогласување на Светски ден на науката произлегува од потребата да се потенцира синергијата помеѓу науката и општеството, преку употреба на науката и научните резултати во корист на општеството, во сите свери, технологии, користење на природните ресурси, енергија, вода, храна, здравје, справување со климатски промени, сето тоа во правец на градење оддржливо општество.

Годинава 2020, како година на глобални предизвици кога човештвото се соочува со пандемија од невидени размери, императив е спрегата на ефикасна примена на научните резултати во интерес на заштита на здравјето.

Темата на Светскиот ден на науката за 2020 е:
Наука ЗА и СО општеството за справување со глобалната пандемија.

Целите се:
да се зајакне меѓународната научна соработка, со зајакнување на отвореноста и пристап до податоци.

Потоа, Ректорот, проф.д-р Никола Јанкуловски, ги промовираше најдобрите научници и уметник на Униврзитетот во одделни научноистражувачки подрачја, кои постигнале врвни научноистражувачки резултати во изминатата 2019 година. За најдобри научници се промовирани:
  1. Проф. д-р Зоран Гучев, Медицински факултет
  2. Проф. д-р Кирил Сотировски,  Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
  3. Проф. д-р Сузана Топузовски, Природно-математички факултет; 
  4. Проф. д-р Трена Јорданоска, Факултет за музичка уметност,
  5. Проф. д-р Николина Паламидовска-Стерјадовска, Економски факултет,
  6. Проф. м-р Љубиша Кировски, Факултет за музичка уметност (во категоријата уметник)

Трибина на тема – ОТВОРЕНА НАУКА (Open Science) 2020
Фокус на Светскиот ден на науката 2020  - Наука ЗА и СО општеството

Идејата за отворена наука е визија на Европската комисија за градење инфраструктура за европски облак на отворена наука (European Open Science Cloud(EOSC)), кој би требало да стане реалност во 2021 година, како виртуелна средина за за сите истражувачи да може да чуваат, управуваат, анализираат и повторно да користат податоци за истражувачки, иновативни и образовни цели.

Дополнително, Regional Cooperation Council (RCC), во соработка со Европската комисија, води програма наречена  Open Access Research Infrastructure in the Western Balkans Support Programme (OARIWBS Programme).

Целите на програмата се:
  1. Помош во развој политики за отворен пристап во 30 институции од земјите на Западен Балкан
  2. Обука на раководниот кадар, администрацијата и истражувачите за воведување на принципите на Отворен пристап во 30 избрани институции во регионот.

Република Северна Македонија е дел од OARIWBS Programme и преку Министерството за образование и наука е дел од процес на финализирање на Протокол за отворен пристап на истражувачките инфраструктури во земјите од Западен Балкан, кој е на агендата на Скопје/Софија Самитот, 9-10 Ноември, во рамките на Берлинскиот процес.

На оваа исклучително актуелна тема, УКИМ е во чекор со времето, преку неколку Европски проекти, активно е вклучен во активностите за отворена наука во Европа.

Поканети беа инспиративни предавачи, членови на лидерските тимови за овој процес во земјата, регионот, Европа како и на Северно Американскиот континент.

Проф. Никола Стиков од Политехнички Факултет на Универзитетот на Монтреал, Канада

Проф.д-р Никола Стиков дипломирал и докторирал на Универзитетот Стeнфорд во САД, а моментално е професор по биомедицински инженеринг на Политехничкиот факултет при Универзитетот на Монтреал, Канада.
Тој е основач на неколку меѓународни иницијативи за промоција на отворена наука во областа на невровизуелизација и магнетна резонанса, a истовремено се залага и за поголема достапност на науката до пошироката јавност. Во 2014 е избран за Помлад Соработник на Меѓународното здружение за магнетна резонанса во медицината (ISMRM), во 2015 се придружува на уредувачкиот одбор на списанието Магнетна Резонанса во Медицината и ја промовира иницијативата Highlights, а во 2016 го основа официјалниот блог на Организацијата за Мапирање на Човечкиот Мозок (OHBM), чијшто написи се пренесени во Хафингтон Пост и цитирани во Њујорк Тајмс.
Од 2018 Никола е член на извршниот одбор на канадската платформа за отворена невронаука (CONP.ca), а 2020-та ја минува како визитинг професор на ФИНКИ каде предава Истражувачка методологија (со ак.Љупчо Коцарев) и Медиуми и комуникации (со проф. Владимир Трајковиќ). Истовремено, проф. Стиков работи на промоција на отворена наука и научна писменост преку иницијативите Кантарот (kantarot.mk) и Наука за Деца (nzd.mk).

Проф.д-р Владимир Трајковиќ, професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во СКопје

Проф. д-р Владимир Трајковиќ е редовен професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Професор е на повеќе предметни програми на сите три циклуси на студии, при што предава истражувачки методологии на додипломски студии, предмент на кој, во последните неколку академски години, визитинг професор е проф. Никола Стиков.
Проф. Трајковиќ е носител на наградата на УКИМ  - најдобар научник за 2017 година во областа на техничко-технолошки науки.
Негова област на истражувачки интерес е поврзано здравство и примена на ИКТ во образование. Во последните 5 години, Проф. Тарјковиќ има објавено повеќе од 30 публикации во списанија со фактор на влијание и повеќе од 1000 цитати, h-index 17, i10-index 31.
Проф. Трајковиќ е контакт лице за УКИМ на Берлинската декларација за отворен пристап. Истовремено, тој е промотер за FAIR податоци во рамки на NI4OS проектот, и контакт лице на УКИМ за OpenAIRE.


Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје