Инфо блок

Поставена: 30-09-2020 12:13  
На факултетите на УКИМ
ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ПРВИТЕ АКАДЕМСКИ ЧАСОВИ
На 1 октомври о.г. (четврток), на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доаѓа уште една генерација студенти, со што се означува почетокот на новата академска 2020/2021 година.

Негувајќи ја традицијата, организирано и свечено да ги пречекуваме новите академски граѓани, факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организираат први академски часови.

Во таа насока, ве известуваме дека ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски ќе присуствува на првите академски часови на студентите на:
  • Правниот факултет „Јустинијан Први“, кој ќе се одржи на отворено на платото пред Факултетот, со почеток во 11, 00 часот, и на
  • Филозофскиот факултет кој ќе се одржи на отворено на платото на Факултетот, со почеток во 12, 30 часот.

Ректорот Јанкуловски, исто така, ќе се обрати онлајн и на првиот академски час на студентите на Економскиот факултет. Инаку, и првиот час и наставата во оваа академска година на дел од факултетите на УКИМ ќе се одвива целосно онлајн, но на дел од факултетите поради природата на наставните содржини и на методите на нивното изучување, наставата ќе се одвива хибридно, и онлајн и со физичко присуство.

Обраќајќи им се на студентите на овие факултети, ректорот Никола Јанкуловски, симболично со порака ќе им се обрати на сите новозапишани студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје