Инфо блок

Поставена: 24-09-2020 14:53  
Во Ректоратот на УКИМ
ОДРЖАН ПРВИОТ КОЛЕГИУМ НА ТИМОТ КОЈ ЌЕ РАКОВОДИ СО
УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО НАРЕДНИОТ ТРИГОДИШЕН ПЕРИОД

Согласно член 97, став 1, алинеја 15 од Законот за високото образование (Службен весник на Република Македонија бр. 82/2018), Ректорската управа на денешната 252. седница одржана на 22 септември о.г. изврши избор на проректори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за мандатниот период до 15.9.2023 година.

За проректори на УКИМ беа избрани: за проректор за настава - проф. д-р Христина Спасевска, редовен професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, од подрачјето (поле од прво ниво) на природно-математичките науки; за проректор за наука - проф. д-р Валентина Гечевска, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, од  подрачјето (поле од прво ниво) на техничко-технолошките науки; за проректор за меѓународна соработка - проф. д-р Ордан Чукалиев, редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, од подрачјето (поле од прво ниво) на земјоделските и ветеринарните науки; за проректор за финансии, инвестиции и развој - проф. д-р Биљана Ангелова, редовен професор на Економскиот институт во Скопје, од подрачјето (поле од прво ниво) на општествените науки.

Со првиот колегиум кој се одржа наредниот ден. 23 септември, раководеше ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски, а на него покрај новоизбраните проректори присуствуваше и генералниот секретар на УКИМ, м-р Марија Маневска.

На колегиумот се водеа дискусии за реализација на програмската определба за развој на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на ректорот за наредниот тригодишен период  која ќе се одвива во сложени услови предизвикани од светската пандемија на вирусот Ковид-19, кои наметнуваат потреба од тим кој ќе делува брзо и ефикасно. Исто така, на колегиумот се разви и конструктивна дискусија во врска со операционализацијата и реализацијата на стратешките определби утврдени во Стратегија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за периодот 2019-2023.
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје