Инфо блок

Поставена: 12-03-2020 18:36  
На денешниот прес
МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИЗВЕСТИ ...

На денешната прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче изјави дека вчеравечер разговарал со директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге по прогласувањето на пандемија од корона вирус -  мерките се преземаат во консултација со СЗО.

„Од 9-те пациенти на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, шест се во стабилна состојба. Кај тројца од нив има лесно влошување на состојбата, што значи дека имаат нешто поотежнато дишење, сè уште не е потребна респираторна поддршка, меѓутоа се интензивира терапијата. Тројцата пациенти се во повозрасна категорија - сите тројца се над 65/66 години. Во текот на ноќта немаше тестирано пациенти, утрово е јавен еден пациент којшто на 7-ми март дошол здрав од Германија, заради висока температура денеска се јавил на Инфективната клиника. Ги очекуваме резултатите, земен е материјал“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека ќе биде известена јавноста за неговиот резултат и резултатите на сите оние кои беа во изолација во врска со првата, а на кои што им истече 14 дневниот период на изолација.

Вчера беше назначена нова директорка на Клиниката за дерматовенерологија. Сите  колеги, лекари, пациенти коишто беа во контакт со претходната директорка - имаат контакт со епидемиолозите и во моментов никој од нив нема знаци на заболување.

„Утрово на редовниот состанок на комисијата за заразни болести, на Комитетот за пратење на состојбите, разгледавме и низа на дополнителни мерки со оглед на тоа што се соочивме со некои ситуации кои произлегоа од досега пропишаните мерки на Владата, препораки и забрани. Морам да кажам дека имавме и разговори  вчера и со колеги од Италија, коишто укажаа на тоа дека во одредени делови во земјата, пред се во северните делови таму каде што епидемијата започна, дури после воведувањето на најригорозните мерки повеќе нема регистрирано нови случаи“, рече министерот Филипче.

Напоменуваме дека овие предлози ќе станат ефективни откако ќе бидат изгласани на следната владина седница.

Во текот на вчерашниот ден, министерот Филипче побара од претседателот на Владата да свика уште една седница за да се разгледаат следните предлози на Комисијата за заразни болести.

„Прво, забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници - концерти, театри, кина, спортски сали, теретани. Кафетериите и рестораните да работат со скратено работно време до 18:00 часот и капацитетот внатре да биде преполовен, значи да се задржи дистанцата од метар и пол до два на луѓето кои што престојуваат таму. Да се откажат сите кино проекции, театарски претстави и концерти. Во разговор со сите јавно здравствени установи се откажуваат сите хронични пациенти чија што интервенција може да се одложи, остануваат само итни и неодложни интервенции, а истото важи и за прегледите“, изјави министерот Филипче.

Една дополнителна мерка е продолжување на терапијата на хронични пациенти за коишто досега требаше да одат на лекар специјалист. Од следните денови ќе може да го прават и на матичниот лекар, за што Фондот за здравствено осигурување ќе направи измена во правилникот. Ова нема да може да важи за новодијагностицираните пациенти. Тие сепак сè уште и во овој период за таа терапија ќе мора да одат на лекар специјалист. Претседателот на Владата разговараше со претставници на верските заедници за строго придржување до мерките.

„На крајот сакам да изразам благодарност до волонтерите на Црвениот крст, кои се силна поддршка на сите наши тимови, онаму каде што побаравме - каде што има капацитет излегоа во пресрет. Благодарност до апликацијата „Мој воздух“, којашто од денеска ги споделува сите активности и иницијативи што ги преземаме. Дозволете согласно прашањата коишто стигнаа и по јавните мрежи и до Министерството за здравство да дадам коментар на уште две работи. Првата е, имаше информација дека се створила паника во Дебар - после проверката заклучивме дека тоа не е точно, градот нормално функционира, но со оглед на тоа што е единственото место кај нас каде што има кластер на пациенти меѓу кои има локална трансмисија, појачан тим од епидемиолози и инфектолози денеска и во текот на утрешниот ден ќе направат подетална епидемиолошка анализа на целото тоа подрачје“, потенцираше министерот Филипче.

Во однос на мерките за пуштање на работниците дома, обврските ги презема компанијата, каде што работат за овие 14 дена. Сите овие мерки важат до 24.03.

(пренесено од порталот на Владата на Република Северна Македонија)
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје