Инфо блок

Поставена: 28-02-2020 11:58  
Ректор Јанкуловски: Одблокирани 5 милиони американски долари на Фондацијата Атанас Близнакоф
31 СТУДЕНТ ДОБИВААТ СТИПЕНДИЈА ОД 1.000 ЕВРА

На 31 редовни студенти од прв циклус студии на Универзитетот „Кирил и Методиј“ кои покажуваат висо¬ки резултати во студирањето, а кои се со послаба материјално-финансиска состојба, ректорот на Универзитетот Никола Јанкуловски денеска им додели договори за стипендии во висина од по 1000 евра годишно, средства кои се обезбедуваат од Фондацијата „Атанас Близнакоф“, еден од нашите најголеми донатори од дијаспората.

Стипендиите од Фондацијата којашто Близнакоф ја формирал во 1976 година со цел да им помага на младите талентирани студенти од Универзитетот „Кирил и Методиј“ кои покажуваат врвни резултати во студирањето и потекнуваат од социјално загрозени семејства. Од оваа година средства се исплаќаат и од дивидендите и каматите од ослободените средства кои се наоѓаат на сметката која донаторот ја има во банка во Илиноис, Соединетите Американски Држави, каде во 2018 година се формираше сестринска фондација со што се ослободија 5 милиони американски долари кои со децении беа блокирани во САД.

Ми претставува особено задоволство што успеавме да ги ослободиме средствата кои нашиот голем донатор Атанас Близнакоф ги имаше на сметката во Илиноис, со што се овозможи од оваа година, а и во иднина, бројот на стипендии за нашите студенти кои покажуваат одличен успех во студирањето, а имаат материјално-финансиски проблеми, да биде поголем. На оваа сметка од смртта на Близнаков во 1998 година стоеа блокирани 5 милиони американски долари коишто успеавме да ги одблокираме, така што сега и тие се дел од Фондацијата. Благодарение на ова од годинава се зголеми бројот на студентите кои ќе добијат стипендија, а се зголеми и висината на месечниот надомест кој стипендистите ќе го добиваат во текот на 10 месеци од учебната година, кој сега изнесува 6.000 денари месечно. Сакам да нагласам дека стипендиите од Фондацијата се обезбедуваат исклучиво од камати, а сега и од дивиденди, додека главнината на средствата не се троши.  Искрено се надевам дека во иднина ќе бидеме во можност уште повеќе млади да ја добијат за нив толку потребната финансиска помош, што беше и заложба и волја на нашиот голем донатор и хуманист Атанас Близнаков, изјави проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“.

Одбор на Фондацијата Атанас Близнакоф врз основа на распишан конкурс ги распределува средствата за стипендии на студенти со статус на редовен студент, запишани на прв циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кои треба да бидат запишани најмалку во трет семестар. Критериумите за доделување на стипендиите вклучуваат успех остварен во текот на студирањето, односно да имаат постигнат просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.00, како и материјално-финансиската состојба на кандидатот. Рангирањето на студентите се врши согласно остварени бодови кои може да изнесуваат најмногу до вкупно 100 бода, при што за за материјалната состојба на студентите се добиваат најмногу до 60, за постигнатиот успех во студирањето до 40 бода.

Атанас Близнакоф, роден 1901 година во село Д’мбени, Костурско, во 1920 година го напуштил родниот крај и заминал во САД каде живеел и работел до 1976 година кога  дефинитивно се населил во Скопје и покренал иницијатива за основање на Фондацијата. За остварување на целите и задачите на Фондацијата се грижи Управен одбор чиј претседател е ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје