Инфо блок

Поставена: 28-02-2020 08:26  
Известување од МОН
НАСОКИ ЗА ИТНО ПОСТАПУВАЊЕ

Почитувани,

Согласно Заклучокот на 11 Седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 25.02.2020 година, Министерството за образование и наука Ви ги доставува следните насоки за итно постапување:

1. ПРЕПОРАКА :
Владата на Република Северна Македонија ги известува сите вработени во високото образование и научните установи, како и сите студенти доколку во последниве 2 недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван, потребно е наредните две недели (започнувајќи од утре - 27.02.2020 година) да бидат ослободени од работни обврски и настава и да не доаѓаат на работно место односно студентите кои патувале во овие региони или живеат со некој кој патувал во овие региони да бидат ослободени од настава.
Доколку во високообразовната установа има вработени или студенти кои патувале во наведените региони или живеат со некој кој патувал во овие региони, потребно е ВЕДНАШ да ги доставите следниве податоци:
  - дали има такви лица,
  - колку има такви лица,
  - податоци за истите (име и презиме на вработениот/студентот) на следнава е-адреса: ѕаvсе.zdгаvkоvѕkа@mоn.gоv.mk

2. ЗАДОЛЖЕНИЕ:
Се задолжуваат сите високообразовни и научни установи да ги одложат сите планирани патувања и екскурзии во Република Италија.

3. Министерството за образование и наука АПЕЛИРА континуирано да се следат насоките и препораките од Светската здравствена организација, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Владата на Република на Северна Македонија.
Повеќе информации за препораките и задолженијата од Владата можете да добиете на следниот линк: https://vlada.mk/node/20317

МИНИСТЕР
Д-р Арбер Адеми

Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје