Инфо блок

Поставена: 09-10-2018 15:11  
На УКИМ
ОТВОРЕН ФРАНКОФОНСКИ ЦЕНТАР
СВЕЧЕНО ОТВОРЕН  ПРВИОТ УНИВЕРЗИТЕТСКИ ЦЕНТАР ЗА ФРАНКОФОНИЈА


На 27 септември 2018 после заеднички повеќегодишни заложби, во присуство на претставници од УКИМ и бројни франкофонски организации, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ беше отворен првиот Универзитетски центар за франкофонија што претставува значаен настан во одржувањето на континуитет и во унапредувањето на соработката помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетската агенција за франкофонија.

На свеченото отворање со поздравен говор и поддршка се обратија Ректорот на Универзитетот проф. д-р Никола Јанкуловски, господинот Мохамед Кетата, директор на Бирото за Централна и источна Европа при Универзитетската агенција за франкофонија, Амбасадорот на Франција во Р Македонија, г-дин Кристијан Тимоние и заменик министерот на Министерството за образование и наука, г-дин Петар Атанасов.

Центарот ќе овозможува пристап на студентите и професорите од УКИМ до франкофонски ресурси од научните области што ги студираат или проучуваат. Благодарение на информатичката опремата што е обезбедена со поддршка на Универзитетската агенција за франкофонија ќе се овозможи не само истражувачка работа, туку и интеркултурна размена и научен дијалог меѓу франкофоните од повеќе земји преку видео-конференциска врска.

Работата на Центарот ќе опфати и организирање семинари и обуки со франкофонски карактер за сите научни профили на нашиот Универзитет кои ќе овозможат споделување на научни вредности и надградување на нивните знаења. Центарот за франкофонија ќе биде наменет за сите студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје заради спроведување франкофонски активности: часови по француски јазик, користење библиотечен фонд и он-лајн ресурси на француски јазик, истражувања во домените што се застапени во Универзитетот.

Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“
Шумарски факултет

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје