Инфо блок

Поставена: 09-10-2018 14:25  
Во Нови Сад
ОДРЖАН ПРВИОТ РЕКТОРСКИ ФОРУМ НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН
НАУКАТА И ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН - ТЕКОВНАТА СОСТОЈБА И ПЕРСПЕКТИВИ


Од 24-25 септември 2018 година се одржа првиот Ректорски форум на земјите од Западен Балкан во организација на Универзитетот во Нови Сад каде свое обраќање имаше и Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски.

Како што беше најавено на меѓународната конференција „Патот е целта: соединување, единство и соработка во Југоисточна Европа“ која беше одржана во рамките на Берлинскиот процес кон крајот на месец мај 2018 година во Рим на италијанската академија на науките (Accademia nazionale dei lincei ), Универзитетот во Нови Сад на 24 и 25 септември 2018 година го организираше првиот Ректорски форум на Западен Балкан на тема: „Науката и високото образование во земјите од Западен Балкан - тековни состојби и перспективи“. На форумот свое обраќање имаше и Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски, на тема „Меѓуинституционалната соработка и заедничко градење капацитети“.

Целта на овој форум беше да се даде увид во проблемите и предизвиците со кои овој регион се соочува во гореспоменатите подрачја, но и потенцијалните како и  високите достигнувања кои честопати се занемаруваат или неосновано се оспоруваат од страна на институции од други делови на Европа и светот. Намерата е и преку самоевалуација да се одреди позицијата на науката и образованието во глобалната средина и заедно да се работи на напредок преку взаемно разбирање и самопочит. Исто така овој форум имаше за цел да им овозможи на институциите да создадат услови за зајакнување на нивните капацитети во регионот преку интензивирање на мобилноста, заедничко снабдување со опрема и изданија, заедничко спроведување на истражувања и развивање на проекти, воведување заеднички студиски програми, итн.

Имајќи во предвид дека регионот треба целосно да биде интегриран во европските и глобалните трендови, дел од форумот беше посветен и на иницијативите кои беа предложени од страна на другите институции со цел да се поддржи напредокот на науката и високото образование во земјите од Западен Балкан.

На форумот учествуваа ректорите од следниве универзитети: Универзитетот во Љубљана, Универзитетот во Марибор, Универзитетот во Нова Горица, Универзитетот во Приморска, Универзитетот во Загреб, Универзитетот во Сараево, Универзитетот во Бања Лука, Универзитетот во Тузла, Универзитетот во Мостар, Универзитетот во Зеница, Универзитетот во Белград, Универзитетот  во Крагуевац, Универзитетот за Уметности во Белград, Универзитетот во Приштина со привремено седиште во Косовска Митровица, Универзитетот во Нови Пазар, Универзитетот „Хасан Приштина“ во Приштина, Универзитетот во Црна Гора, Универзитетот во Тирана, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и Универзитетот во Тетово.
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“
Шумарски факултет

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје