Инфо блок

Поставена: 17-08-2018 08:50  
Отвори документ: PROGRAM_SARCOS_Training_School.pdf
На ТМФ
ИНФОРМАЦИЈА
Во период од 2 - 7 септември, 2018 год. Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје ќе биде домаќин (организатор) на 2nd SARCOS COST Action – RILEM Doctorate Training School (Втора SARCOS COST – RILEM школа за обука на докторанди) со наслов: Advanced materials and technologies based on inorganic binders (Современи материјали и технологии базирани на неоргански врзива). Школата за обука ќе се реализира на две локации: Скопје (2 - 5 септември) и Охрид (6 - 7 септември).

Школата се организира во рамки на COST Акцијата: CA15202 – Self-healing as prevention repair of concrete structures - SARCOS (Самозалекување како превенција за поправка на бетонски структури). Сите информации за реализација на Школата се поставени на веб страната на Универзитертот во Кембриџ, Англија:

Школата за обука на докторанди доби научна поддршка и од RILEM (International Union of Experts in Construction Materials, Systems and Structures) организацијата и е влезена во годишниот календар на настани кои се реализраат во рамки на оваа интернационална организација: https://www.rilem.net/agenda. Секој учесник -докторанд во ова школа ќе добие три годишно членство во оваа организација

Носител на активностите за 2nd SARCOS COST Action – RILEM Doctorate Training School е Технолошко-металуршкиот факултет, а формирана е мрежа од домашни институции кои ќе учествуваат во нејзината реализација: Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии  „Скопје ” АД Скопје, Цементарница УСЈЕ, АД Скопје – TITAN Групација, КНАУФ  - Радика.

Одобрено е учество  на 45 студенти од 15 земји, а во реализација на теоретскиот дел од школата ќе учествуваат четири професори од европските Универзитети (Ghent University - Белгија; Politecnico di Milano – Италија; Technical University of Denmark – Данска; Delft University of Technology – Холандија), два професори од Израел (Technion - Israel Insti¬tute of Technology, Хаифа и University of Negev, Beer-Sheva), еден професор од Србија – Универзитетот од Нови Сад и два професори од нашиот универзитет.

Учесничите во Школата за обука на докторанди со своите научни презентации (постер презентации и дискусии) ќе влезат во натпревар кој ќе биде оценуван од страна на професорите кои учествуваат во реализација на Школата. Предвидено е доделување на два вида (Technical content и Technical format) од по три награди (златна, сребрена и бронзена). Воедно и самите учесници ќе може да го изборат најдобриот постер преку дефинирање на Trainee prize.

Школата за обука опфаќа теоретски дел (ќе се реализира на Технолошко-металуршкиот факултет), експериментален дел (ќе се реализира во лабораториите на институциите: Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии  „Скопје ” АД Скопје и Цементарница УСЈЕ, АД Скопје – TITAN Групација) и тренската настава (ќе се реализира преку посета на рудникот и фабриката за гипс на КНАУФ - Радика во Дебар).

Школата за обука ќе заврши со евалуација на учесниците (учесниците добиваат 5 ECTS), а ќе биде реализирана во Конгресниот Центар на УКИМ во Охрид.

Деталната програма за Школата како и RILEM брошурата  може да се најде на веб страната од Школата.

Останати вести

 

Последни новости

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“
Шумарски факултет

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје