Инфо блок

Поставена: 20-06-2018 08:59  
Градежен факултет - Скопје
одржани 16-тата Европска-подунавско конференција за геотехничко инженерство и Семинар под наслов “Управување со ризици во тенелоградбата”
Од 7.06.2018 до 9.06.2018 год, во организација на Друштвото за геотехника на Македонија и коорганизација на Универзитетот ”Св.Кирил и Методиј” Скопје, Градежниот факултет при УКИМ, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ и Инженерската институција на Македонија, беше одржана 16-тата Европска-подунавско конференција за геотехничко инженерство. Генералната тема на Конференцијата беше „Геотехнички хазарди и ризици: искуства и пракса“.  Конференцијата е и под покровителство на Мегународното друштво за механика на почвите и геотехничко инженерство (ISSMGE – International Society for Soil Mechanics and Geotechnical Engineering).  

На настанот претходеа две значајни манифестации. Имено, од страна на почесниот покровител на Конференцијата, Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорѓе Иванов, беше доделен Медал за заслуги за Македонија на почесниот доктор на науки на УКИМ, проф. д-р Хајнц Брандл од Австрија за негово континиурано залагање за развој на науката, образованието и инженерството во Република Македонија во тек на минатите 10 години.

Исто така, на 6-ти јуни беше одржан Семинар под наслов “Управување со ризици во тенелоградбата” на кој свои предавања одржаа најпознати експерти од оваа област во светот делегирани од Меѓународната Асоцијација за тунелоградба и користење на подземен простор (ITA–Internatiоnal Tunneling and Underground Space Association).

На двата настани, присуствуваа над 500 претставници од 46 земји од светот, а беа присути и сите директори од сите континенти на двете наведените светски асоцијации, претставени од нивните претседатели Професор Чарлс Нг од Хонг Конг (претседател на ISSMGE) и проф. Тарцисио Целестино (претседател на ITA).

Трудовите од  Конференцијата се испечатени во два тома во Зборникот на трудови, којшто е во издание на Друштвото за геотехника и Универзитетот Св.Кирил и Методиј. Како главни едитори се појавуваат Ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски и проф. Милорад Јовановски од Градежниот факултет - Скопје во својство на претседател на Друштвото за геотехника. Зборникот има и електронско издание во режија на една од најпознатите светски издавачки куќи, Ernst and Sons, Willey brand од Германија.

Подетални информации може да се најдат на www.decge2018.mk
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“
Шумарски факултет

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје