Инфо блок

Поставена: 02-05-2018 08:44  
Учеството на Правниот Факултет
на меѓународниот натпревар по меѓународно право Philip Jessup

Меѓународниот натпревар Philip C. Jessup е најстариот, најпрестижниот и далеку најголемиот Мoot court натпревар во светот според бројот на учесници, во областа на меѓународно право. Натпреварот го организира Меѓународната студентска асоцијација за меѓународно право (ILSA – International Law Students’ Association) и истиот се оддржува 59 години по ред, а на него годишно вообичаено учествуваат преку 645 правни факултети од целиот свет. Натпреварот, кој секоја година во Април се оддржува во Вашингтон Д.Ц. (САД) претставува симулација на случај помеѓу две држави пред Меѓународниот Суд на Правдата.Оваа година, Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот Св. Кирил и Методиј за прв пат учествуваше на натреварот, со поддршка од Универзитетот и Правниот факултет, а, под раководство и менторство на проф. д-р. Сашо Георгиевски. Тимот го сочинуваа тројца студенти од мастер студиите по меѓународно право и односи и право на ЕУ – Симона Шекерова, Андреј Стојковиќ и Дарко Стојаноски, и еден студент на докторските студии по меѓународно право – м-р. Љупчо Стојковски, кои интензивно се подготвуваа и учествуваа во различните фази на спорот во текот на изминатиот шест-месечен период.

Во конкуренција на рекорден број од околу 700 екипи пријавени годинава, на финалните натпревари во Вашингтон, тимот на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ ја освои наградата за ’Најдобар нов тим за 2018 година’  и се пласира на 73-то место, односно, во првите десеттина проценти најдобри екипи на завршната ранг-листа, со две победи од четирите остварени натпревари со извонредно силни екипи. Со овој пласман, Универзитетот Св. Кирил и Методиј, после Универзитетот од Софија (Бугарија, кој исто така оствари две победи), беше најдобро рангиран Универзитет од регионот на Југоисточна Европа, оставајќи ги зад себе, на пример, екипите на Националниот Универзитет ’Каподистрија’ од Атина (Грција, со една победа - 86 место), Универзитетот од Загреб (Хрватска, 87 место), Универзитетот од Белград (Србија, 115 место), или, Универзитетот ’Хена е Плоте’ од Тирана (Албанија, 104 место). Уште повеќе, според пласманот, екипата на Правниот Факултет влезе во групата на најдобро рангирани европски тимови, пред бројни реномирани светски и европски Универзитети, како на пример Сиенс По од Париз (Sciences Po Paris, Франција, 81 место), Универзитетот од Хелсинки (Финска, 82 место), Швајцарија (85 место), Карловиот универзитет од Прага (Чешка, 93 место), Универзитетите од Кјото и Токио (Јапонија, 74 и 110 место) и многу други светски познати универзитети.

slika

slika

slika

slika

slika
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“
Шумарски факултет

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје