Инфо блок

Поставена: 12-02-2018 09:30  
EESTEC LC SKOPJE И ФИНКИ НАЈАВУВААТ
Четвртото издание на интернационалната работилница "Code App, Level Up" во организација на EESTEC LC Skopje и ФИНКИ
Работилницата претставува интернационален семинар од едукативен и компететитивен карактер. Во ова издание на “CALU” ќе биде обработена тематиката „Општествено одговорни веб страни“. Со учество на настанот студентите би имале можност да развијат сопствена веб страна која преку своите функционалности би помогнале на општеството, како и каузите за кои ќе бидат наменети како: вдомување на миленик, помош на социјално ранливи категории на лица, помош на лица со посебни потреби, донирање на средства за болни лица, донирање на средства за лица кои доживеале катастрофа од временски непогоди, заштита на околината во која живееме, прочистување на воздухот и подигање на свеста на загадувачите, глобално затоплување и слично. Воедно семинарот е поддржан од апликацијата Мој Воздух.

Овој настан претставува одлична можност Вашите знаења да ги проширите преку академскиот дел, како и практично да ја реализирате Вашата тимска идеја за време на работилниците. Во текот на овие работилници би имале ментори од кои би можеле да побарате стручно мислење и помош при вашите потешкотии во реализацијата на веб страната.

На овој настан би добиле квалитетна обука во следните области:
- Дизајн на веб платформа (Front-end) – каде би се запознале со технологии кои се користат за дизајн на веб страни, како што се:  Bootstrap, Angular 2 и JavaScript.
- Развој на веб платформа (Back-end) – каде би се запознале со технологии кои се користат за развој на веб страни, како што се: ASP.Net и Јava Spring.

Настанот ќе се одржува од 26-ти февруари до 3-ти март 2018 година. На семинарот ќе земат учество 12 странски студенти од држави ширум Европа и 23 студенти од техничкиот кампус при Универзитетот “св. Кирил и Методиј”.

Апликациите за учество на настанот се бесплатни и се отворени до 12.02.2018. Доколку сте заинтересирани можете да се пријавите ТУКА.
Доколку сакате да знаете повеќе за настанот, посетете ја официјалната Веб страна на Code App, Level Up.

Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“
Шумарски факултет

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје