Инфо блок

Поставена: 28-02-2017 12:35  
На ИСППИ
НАУЧНА СРЕДА
Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, го организира настанот НАУЧНАТА СРЕДА посветен за промоција на „Студијата за младите во Република Македонија 2016“. Настанот ќе се оддржи на 1. март во 12ч, во Институтот.

Институтот во континуитет ги проучува младите во Република Македонија како двигатели на социо-економските промени, во однос на состојбите и предизвиците со коишто се соочуваат во современото општество, како и со цел испитување на нивните лични карактеристики и аспирации. „Студијата за младите во Република Македонија 2016“ е резултат од истоимениот научноистражувачки проект, финансиран од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а се надоврзува на претходните истражувачки студии за младите спроведени од (научниот кадар на) ИСППИ (СТУДИЈА ЗА МЛАДИ 2013, НЕВРАБОТЕНОСТА НА МЛАДИТЕ ЛУЃЕ ВО РМ, МЛАДИНСКИ ТРЕНДОВИ, СТУДИЈА ЗА МЛАДИНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО).

Оваа студија имаше цел да одговори на следните истражувачки прашања:
•    Кои настани од блиското минато најмногу влијаеле врз младите и каков белег оставиле?
•    Како младите размислуваат и се однесуваат на тема политика?
•    Како младите размислуваат за семејството и бракот?
•    Колку се чувствуваат младите подготвени да живеат самостојно?
•    Колку образованието ги подготвило младите за успешен влез во деловниот свет?
•    Колку е привлечно за младите да бидат претприемачи (да формираат своја фирма)?
•    Каква е нивната перцепција за нивните капацитети и, секако, каква е реакцијата на нивното опкружување?
•    Каков е односот на младите лица кон работата?
•    Каков животен стил преферираат младите, односно какви очекувања имаат од иднината?

АГЕНДА
 
 12:00ч - Воведен збор
•    проф. д-р Мирјана Борота Поповска, директор на ИСППИ
•    проф. д-р Ганка Цветанова, раководител на сектор за научна дејност на ИСППИ
•    доц. д-р Бојана Наумовска, модератор

12:10ч - Презентација на истражувачки наоди - Истражувачки тим:
•    проф. д-р Марија Топузовска Латковиќ, раководител на проектот
•    проф. д-р Ружица Цацановска, член на истражувачки тим
•    проф. д-р Мирјана Борота Поповска, член на истражувачки тим
•    проф. д-р Емилија Симоска, член на истражувачки тим
•    доц. д-р Весна Забијакин Чатлеска, член на истражувачки тим
•    проф. Јорде Јакимовски, член на истражувачки тим
•    проф. д-р Славејко Сасајковски, член на истражувачки тим

12:30ч - Главни говорници:
•    г-ица Зорица Стаменковска, советник за меѓународна соработка во Агенција за млади и спорт на Република Македонија
•    м-р Јане Плавески, потпретседател на Национален младински совет на Македонија  
•    г-ин Методија Стојчевски, претседател на Младински сојуз
•    г-ѓа Елена Крстевска и г-гица Наташа Шапкалиевска, Прокредит банка
•    спец.Станислав Петковски, клинички психолог, сертифициран трансакциски аналитичар - психотерапевт, професионален обучувач за обучувачи, основач на Модус центар
•    г-ѓа Александра Ристовски, координатор на програма Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности
 
13:30ч - Отворена дисксуја

14:00ч - Коктел   

Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“
Шумарски факултет

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје