Инфо блок

Поставена: 22-02-2016 13:01  
ОГЛАС
за сместување кандидати-докторанди во становите во Домот за докторанди „Атанас Близнаков” на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Врз основа на член 10 од Правилникот за сместување на кандидати-докторанди во Домот „Атанас Близнаков” на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје бр. 02 - 775 од 29. 11. 2011, Комисијата за сместување во Домот објавува


О Г Л А С
за сместување кандидати-докторанди во становите во Домот за докторанди „Атанас Близнаков” на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје


1. Право на пријавување на огласот имаат:

•    Кандидати кои бараат сместување по прв пат и кои се запишани на трет циклус (докторски) универзитетски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на кои од денот на запишувањето на студиите односно почетокот на академската година до денот на објавувањето на овој оглас не им се изминати 3 календарски години. и

•    Кандидати запишани на трет циклус (докторски) студии кои се сместени во Домот.

2. Предност за сместување во Домот имаат:

•    кандидати-вработени на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје кои се избрани во соработнички звања и кои се од внатрешноста на Републиката;
•    кандидати со повисок успех од завршениот втор циклус студии (магистерски);
•    кандидати кои се сместени во Домот и кои ги исполнуваат условите за сместување согласно со Правилникот за сместување.

3. Кандидатите ги доставуваат следниве документи:

•    пријава за огласот (лично напишана со податок за контакт - телефон и адреса);
•    документ (оригинален примерок) дека кандидатот е запишан на трет циклус студии, кога запишал прв семестар и кога запишал последен семестар;
•    просечна оценка од завршениот втор циклус или магистерски студии (може и фотокопија);
•    документ или диплома за одбранет магистерски труд (може и фотокопија);
•    документ каде е кандидатот вработен и избран во соработничко звање (може и фотокопија);
•    брачна состојба на кандидатот.

4. Становите се доделуваат на користење до 31.12.2017 година.

5. Огласот се објавува на 22. 2. 2016 година и трае 15 дена сметано од денот на објавувањето.

6. Огласот и oдлуката на Комисијата за сместување во Домот за кандидатите кои добиле стан и оние што се одбиени се објавуваат на веб - страницата на Универзитетот  - актуелно.
Кандидатите нема лично да бидат информирани за одлуката на Комисијата.
Кандидатот на кој му е доделен стан треба да се јави во Ректоратот, на тел.: 3 293 - 215 заради дополнителни информации.

7. Документите се доставуваат до Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, бул. Гоце Делчев  бр. 9, Скопје, лично или преку пошта.

8. Доколку на кандидат кој не е сместен во Домот му се додели стан, сместувањето во дел од становите ќе се реализира кога ќе бидат ослободени станови, односно кога Универзитетот ќе го реализира иселувањето на корисниците кои треба да се иселат.

   

                Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје

                   Комисија за сместување во Домот


Скопје,
19.2.2016 година


Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство и рибарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје