летна школа


* П О К А Н А *

* П Р И Ј А В А *


 

Почитувани,

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и оваа година во периодот од
4 август до 23 август 2019 година ja организира веќе традиционалната 52. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Во рамките на Семинарот, на 23 и 24 август ќе се одржи 46. Меѓународна научна конференција на која македонските и странските експерти пред учесниците на летната школа ќе ги презентираат своите најнови истражувања од областа на македонистиката. Наставата ќе се одвива со секојдневни активности на учесниците насочени кон изучувањето на македонскиот јазик преку лекторски курсеви поделени според степенот на познавање на јазикот. За таа цел, предвидени се секојдневни тематски предавања, од кои Предавањата ќе ги изведуваат универзитетски професори и истакнати научни работници. Покрај  предавањата, учесниците во попладневните термини ќе ги следат  курсевите по избор кои ќе ги раководат специјалисти од соодветните подрачја, а преку нив учесниците ќе можат поконкретно и интерактивно да се запознаат со најновите истражувања што се предмет на нивниот интерес. 


    Во вечерните часови е предвиден термин за презентации, промоции и интерактивни настани  со кои ќе се збогати научната и културната понуда за учесниците. Во рамките на овие термини ќе се промовираат најнови научни и книжевни изданија, ќе се овозможат средби со познати македонски автори, ќе се овозможи проекција на документарни филмови од областа на културата и етнологијата.


    Доследно почитувајќи ја традицијата, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ преку предвидените активности на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, во периодот од
4 август до 23 август 2019 година во Охрид - градот на древните цивилизации, духовната традиција и на изворот на словенската писменост, постепено ќе прераснува во летен Универзитет по македонистика.


Организатор

    Летната школа ја организира Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.


Адреса: Бул. Гоце Делчев бр. 9, 1000 Скопје

msmjlk@ukim.edu.mk
www.ukim.edu.mk/msmjlk


Учесници

    На Летната школа годинава
ќе учествуваат 75 учесници - стипендисти, меѓу кои: странски студенти од прв циклус студии, кои го слушаат предметот македонски јазик во рамките на студиските програми на своите универзитети; студенти на втор и трет циклус студии кои во своите истражувања проследуваат теми во врска со македонскиот јазик, литература и култура и научни работници и универзитетски професори кои истражувале или истражуваат проекти од областа на македонистиката.


    Најголем дел од учесниците добиваат стипендии од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, потпомогнат Министерството за култура при Владата на Република Северна
Македонија.

Предавачи и лектори


    На Летната школа предавањата и курсевите ќе ги реализираат универзитетски професори и научни работници од повеќе единици во состав на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј„ во Скопје. Лектори ќе бидат наставници и соработници од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, кои се обучени за одржување настава по македонски јазик како странски, согласно стандардите на Европската рамка за изучување на јазиците и кои ги користат методите и стандардите на Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски.


Програма

    Летната школа се реализира преку секојдневни лекторски часови поделени според нивото на познавање на јазикот и нивниот интерес на почетно, средно и напреднато рамниште за лингвисти или литерати. Секој ден претпладне, по лекторската настава, терминот е резервиран за тематско предавање, а наставата продолжува попладне преку следење на еден од курсевите по избор на стипендистите. Годинава се понудени следниве курсеви:
-    Курс: Граматика на македонскиот јазик

-    Курс: Македонската литература и култура

-    Курс по македонски народни ора


Локација


    52. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура ќе се одржи во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  оддалечен (7км) од градот Охрид, сместен покрај брегот на Охридското Езеро.

 

Членови на организациски тим

проф. д-р Славица Велева

м-р Евдокија Илијевска



Контакт
- Поштенска адреса: Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, бул. Гоце Делчев бр. 9, 1000 Скопје
- број на телефон: +389 2 32 93 232

- електронска адреса: msmjlk@ukim.edu.mk

 

Директор на Семинарот
Проф. д-р Славица Велева

 
Документи
1 Пријава 2019
2 Покана 2019

 

Последни новости

04-07-2019 - На УКИМ
ИЗГОТВУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈА

29-06-2019 - По 16-ти пат
ДОДЕЛЕНО ПРИЗНАНИЕТО „ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН“

28-06-2019 - Во Конгресниот центар во Охрид
ОДРЖАНА ПРВАТА ЛЕТНА ШКОЛА ОРГАНИЗИРАНА ОД СТОМАТОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ

19-06-2019 - На ТМФ
ПРОСЛАВА ПО ПОВОД 60 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

10-06-2019 - Во Ректоратот на УКИМ
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

05-06-2019 - На УКИМ
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

04-06-2019 - Во Ректоратот на УКИМ
ОДРЖАНА АКАДЕМСКА ДЕБАТА НА ТЕМА „ВЛИЈАНИЕТО НА ЕУ ИЗБОРИТЕ ВРЗ ПРОЦЕСОТ НА ИНТЕГРАЦИИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

31-05-2019 - Во Лондон
СРЕДБА НА РЕКТОРОТ, ПРОФ. Д-Р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ СО МАКЕДОНСКИОТ АМБАСАДОР ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО

31-05-2019 - Во Ректоратот на УКИМ
ПО 41. ПАТ ДОДЕЛЕНA НАГРАДAТА „26 ЈУЛИ“

30-05-2019 - Од меѓународната активност на УКИМ
РЕКТОРОТ НА УКИМ, ПРОФ. Д-Р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ ПРИСУСТВУВА НА ПЕТТИОТ JOINT SCIENCE CONFERENCE OF THE WESTERN BALKANS PROCESS / BERLIN PROCESS

27-05-2019 - Универзитетските спортски натпревари на УКИМ
ЗАВРШНИТЕ НАТПРЕВАРИ НА ОВОГОДИНЕШНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТСКИ СПОРТСКИ ИГРИ НА УКИМ СЕ ОДРЖАА НА 20.05.2019 г.

23-05-2019 - КОНКУРС ЕРАЗМУС+
КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР за академската 2019/2020 година