
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” е формиран во 1949 година
со три факултети, денес тој претставува заедница на 23 факултети, 10 научни
институти и други институции.
Сликата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, конкретно, може да
се претстави низ следниве бројки: во наставно-образовниот процес на сите факултети
се вклучени над 36.000 студенти од Република Македонија,

како и повеќе од 700
странски студенти; над 2.300 наставно-научни и соработнички кадри учествуваат
во изведувањето на наставно-образовниот и научниот процес на факултетите и над
300 научни и помошнонаучни кадри на институтите.
Во досегашниот развој на Универзитетот се создадени над 100.000 високостручни
кадри, околу 5.000 магистри и над 2.000 доктори на науки од сите наставно-научни
области.
Во вкупната дејност на Универзитетот посебен белег имаат спортските, уметничките,
информативните, рекреативните и други активности организирани во разни друштва,
сојузи, клубови и слично.